5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРубинот ‘Зора’ продаден за рекордни 28,3 млн швајцарски франци

Рубинот ‘Зора’ продаден за рекордни 28,3 млн швајцарски франци

zora

Прстенот од рубин кој потекнува од Мјанмар е продаден во Женева за рекордни 28,3 милиони швајцарски франци, со што стана најскапиот рубин продаден на наддавање кога и да е, објави аукциската куќа Sotheby’s.

Рубинот наречен „Зора“ има 25.59 карати и се наоѓа вграден во прстен кој е изработен од познатата француска фирма за скапоцености „Cartier“,

„Бурманските рубини од оваа големина и боја се извонредно ретки“, објави шефот на одделот за скапоцености на Sotheby’s., Дејвид Бенет пред надавањето. „Каменот оживува како да е осветлен однатре“, додаде.

Споменатиот прстен претходно беше проценет на 11,7 до 17,5 милиони франци.

На истата аукција е продаден и прстенот со розов дијамант од 8,72 карата за 14,8 милиони швајцарски франци. Тој ѝ припаѓаше на американската наследничка и филантроп Хјуџет Кларк, којашто почина во 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП