1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Центар го продолжува проектот „Цел Центар на точак “

Општина Центар го продолжува проектот „Цел Центар на точак “

tocaci centar

Проектот „Цел Центар на точак“, во организација на Општина Центар го продолжува и оваа година. Во 2014-та општината субвенционираше средства за купување на 860 велосипеди.

„Акцијата започнува од денеска. По минатогодишниот голем интерес на центарци кои со субвенциите од Центар купија 860 нови велосипеди, годинава се одвоени повеќе средства во буџетот и ќе субвенционираме 1.111 нови велосипеди. Се надевам дека и годинава ќе има голем интерес. Жителите треба да донесат копија од лична карта со која потврдуваат дека се жители на општина Центар, фискална сметка и сметкопотврда за купен велосипед и трансакциска сметка“, рече градоначалникот Андреј Жерновски.

Општината како и минатата година ќе субвенционира до 3.000 денари за секој купен велосипед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП