5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов мотив за младите креативци - и годинава награда од 200.000 денари...

Нов мотив за младите креативци – и годинава награда од 200.000 денари за најдобро креативно решение

ivo-laurencic-bravo-sine

Сите млади креативци кои сакаат да работат на конкретни проекти и во следната година ќе добијат поддршка од Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“! 

На првото Годишно собрание членовите и поддржувачите на креативноста едногласно одлучија и годинава да продолжат активностите и поврзувањето на креативните идеи со македонскиот бизнис сектор. И годинава наградата за најдоброто дизајнерско решение ќе биде во износ од 200.000 денари, а конкретниот проект ќе биде избран од пристигнатите предлози што ги доставуваат членовите на Движењето.

Основа идеја на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“! е да им даде можност на младите креативци од Република Македонија да работат на создавање нови автентични производи или нови изглед на веќе присутни производи на пазарот. На тој начин, нивниот креативен израз ќе добие конкретна примена, а производите ќе добијат нова додадена вредност и поголема конкурентност и позиција на домашниот и странските пазари.

На Годишното собрание на Движењето за поддршка на креативноста, Иво Лауренчиќ – „Браво сине“ беа заокружени и активностите од првиот проект што се реализираше минатата година – проектот за брендирање на македонско слатко. Седумте видови слатко од вишна, малина, зелена смоква, јагода, портокал, дива капина и аронија на компанијата „Јоми фуд“ од Велес која беше избрана на јавен конкурс, добија нов автентичен изглед и специјално пакување.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ, чија цел е поттикнување и поддршка на талентот и креативноста кај младите во функција на создавање силни национални брендови го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг индустрија – Иво Лауренчиќ. Голем број претставници на јавниот живот, бизнисмени, уметници, членови на академска заедница, како и луѓе од креативната индустрија од земјава и целиот регион, дадоа поддршка на Движењето за поддршка на креативноста – Иво Лауренчиќво насока на исполнување на овие цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП