10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПриоритет за BMW останува технологијата Power eDrive

Приоритет за BMW останува технологијата Power eDrive

prioritet bmw

Главниот приоритет на конструкторите и инжерите на „BMW“ останува иновативниот хибриден систем „Power eDrive“ со можност за полнење од електричната мрежа (Plug-in). Тој ќе биде користен за моделите од највисоките серии на брендот, откри претставник на компанијата за време на симпозиум во Виена.

Од „BMW“ соопштија дека разработката на „Power eDrive“ поминала на нов стадиум и е сосема блиску дo завршување. Системот се состои од два електромотори и мотор со внатрешно согорување, а тој беше прикажан минатата година на прототипот „Seriеs-5 GT“ (на фотографијата).

Технологијата што се користи од страна на „баварците“, се развива континуирано. Во 2013-та година тие на саемот во Франкфурт го претставија концептниот „BMW X5 eDrive“ кој само на електрична енергија можеше да помине 30 километри со брзина до 120 км/ч. Година подоцна, „BMW 5-Seriеs GT“ со моќност над 680 КС и 1015 Nm вртежен момент само со електрична енергија возилото можеше да измине 100 км.

Овие резултати сепак изгледаат директно ништожни во споредба со објавените од „BMW“ во Виена. По завршувањето на проектот „Power eDrive“ сериските „Plug-in“ хибриди на марката ќе нудат километражата од 600 км, од кои 480 од нив ќе биде само на електрична енергија.

Технологијата ќе се нуди само на големите модели на брендот, а од „BMW“ засега не коментираат дали таа може да биде користена и за компактните автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП