2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle нуди една милијарда долари за Roshen

Nestle нуди една милијарда долари за Roshen

im578x383-00_kollage_porosenko_roshen

Една од најголемите кондиторски компании „Nestle“, планира да ја купи кондиторската компанија „Roshen“ која е во сопственост на украинскиот претседател Петро Порошенко за една милијарда долари.

Меѓутоа, како што пренесува Блумберг, цената на „Roshen“ е три пати поголема отколку што првично се очекуваше.

„Roshen“ според проценката на своите сопственици, вреди околу три милијарди долари. Но, единствен потенцијален купувач е компанијата „Nestle“, која не е подготвена да плати повеќе од 1 милијарда долари“, пишува Блумберг.

Производството на фабриката „Roshen“ кое во 2012 година надминуваше 400.000 тони, е намалено во претходниот период дури за 25 проценти, поради забраната за извоз на производи од оваа компанија во најважниот извозен пазар, Русија.

Во текот на минатогодишната претседателска кампања, Порошенко вети дека ќе го продаде „Roshen“, но не беше во состојба да најде клиенти.

Roshen“ има фабрики и во Литванија и Унгарија, но нивниот удел во вкупното производство на компанијата е безначаен, пренесуваат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП