10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Финансиите на Грција се во извонредно лоша состојба

Варуфакис: Финансиите на Грција се во извонредно лоша состојба

yanis-varoufakis-21

Финансиската состојба во Грција е извонредно итна и за неколку недели кризата ќе го достигне својот врв, оценил грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

„Прашањето на ликвидноста е доста важно прашање. Тоа е познато, да не заобиколуваме. Со оглед на временската перспектива, говориме за неколку следните недели“, изјавил Варуфакис во Брисел.

Неговото предупредување доаѓа по неколку состаноци на министрите за финансии на еврозоната во Брисел, на кои се разговарало за одблокирањето на исплатата на преостанатата транша од кредитот за Атина во висина од 7,2 милијарди евра, пренесува Танјуг.

По состанокот министрите порачале дека официјална Атина остварила напредок, но дека потребно е повеќе време и напори за да се надминат разликите по преостанатите прашања. Грција во вторникот направи трансфер од 750 милиони евра од траншата на камата кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ден пред истекувањето на рокот. Крајниот рок за постигнувањето на договор меѓу меѓународните кредитори и Грција е до крајот на јуни, кога на Атина и истекува постоечката програма за помош.

Во моментов грчките финансии се во извонредно лоша состојба, а само во јуни Грција да ММФ треба да му исплати уште 1,5 милијарди евра, а во јули и август пак на Европската централна банка треба да и исплати три милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП