26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото ослабе во однос на доларот и јенот

Еврото ослабе во однос на доларот и јенот

evrio1

Еврото во средата ослабе во однос на американскиот долар на меѓународните пазари, притиснато од растот на трошоците на задолжувањето на Италија, додека американската валута доби поддршка од посилните од очекуваните податоци од американската малопродажба.

Еврото во такви околности се тргуваше за 1.2937 американски долари, што значи дека забележа пад од 0,7 проценти во однос на претходниот ден.

За истиот процент единствената европска валута ослаби и во однос на јапонскиот јен, намалувајќи се на 124,40 јени.

Доларот, пак, се стабилизираше во однос на јенот по првичните загуби,  па се тргуваше за 96,11 јени, што значи дека беше речиси непроменет од вредноста што ја имаше на крајот од затворањето на тргувањето во претходниот ден. Со тоа се држи во близина на највисокото ниво во последните три ипол години, од 96,71 јени, на кое се искачи во вторникот.

Американските податоци од малопродажба покажаа дека прометот во февруари зајакнал за 1,1 процент, што е негов најсилен раст во изминатите пет месеци.

Силните американски податоци дополнително ги поттикнуваат шпекулациите дека американската централна банка „Federal Reserve (Fed)“ во втората половина од 2013 година би можела да се откаже од ултрапопустливата монетарна политика.

Воедно, единствената европска валута беше погодена и од аукцијата на италијанските државни обврзници, која забележа слаба побарувачка и поголеми трошоци на задолжувањето, отколку на сличната претходна аукција, поради политичките неизвесности во Италија по неодамна одржаните парламентарни избори.

„Приносите на обврзниците и фактот дека Италија се задолжи по нешто повисока цена од минатиот пат, претставува благо разочарување”, изјави Неил Џонс, челник на одделот за валутна продажба на хеџ фондовите во банката „Mizuho Corporate Bank“. „Можам да го сфатам двоумењето на инвеститорите со купувањето на италијанскиот долг и тоа е причината за денешното јакнење на приносите, по што зајакнаа и притисоците врз еврото”, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП