22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на еврозоната порасна со најбрзо темпо за последните две години

Економијата на еврозоната порасна со најбрзо темпо за последните две години

11997158925553221cd42f6684725846_640x363

Економијата на еврозоната во првите три месеци од оваа година порасна со најбрзо темпо за последните две години, покажуваат податоците на европската служба за статистика, Еуростат.

Бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната во периодот јануари-март пораснал за 0,4 проценти, што е повеќе во однос на растот од 0,3 проценти во претходниот квартал и е во согласност со очекувањата, пренесува агенцијата АП.

Освен тоа, најновите податоци се еднакви на стапката на раст на БДП на еврозоната од вториот квартал од 2013 година, кога овој регион излезе од најдолгата рецесија регистрирана некогаш.

Одделни членки на еврозоната очекуваа и поголем раст, бидејќи овој блок во кој се користи еврото имаше корист и од падот на цената на нафтата и еврото, како и монетарните поттици од страна на Европската централна банка (ЕЦБ).

Денешните податоци, исто така, ги маскираа разочарувањата, како што е повратот на Грција во рецесија, наведува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП