21 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФински електричен автомобил кој има 1.341KS (фото+видео)

Фински електричен автомобил кој има 1.341KS (фото+видео)

toroidion-1-mw-6

Малку познатиот фински производител на автомобили „Toroidion“ деновиве во Монако го претстави својот „1MW сoncept“, електричен суперавтомобил со неверојатна моќ од 1.341KS.

toroidion-1-mw-20

„Toroidion 1MW“ го доби името по моќта од 1000kW т.е. 1.341KS, a таа доаѓа од четири електрични мотори кои се директно задолжени за придвижување на поединечни тркала.

toroidion-1-mw-5

Според зборовите на основачот на компанијата, Паси Пенанен, на предната осовина има пар мотори со моќност од 200kW (268KS), a на задната се два електромотори со по 300kW (402KS).

toroidion-1-mw-1

Во соопштението на оваа млада компанија која е основана во 2011-та година се наведува дека нивниот електричен погон може да понуди различни нивоа на моќ во различни ситуации, а батериите се менуваат лесно, дури и „домашна гаража“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП