Патниот правец А3, Битола-Ресен (обиколница Битола) е оспособен за сообраќај на сите видови на моторни возила. Поставена е соодветна патна сигнализација. На учесниците во сообраќајот им препорачуваме да ја почитуваат поставената патна сигнализација.
На патниот правец Прилеп – Витолиште Р-1107, стационажа 35-ти километар, поради свлечиште на патот сообраќајот се одвива отежнато.
На патниот правец Прилеп – Македонски Брод Р-1303, на 27-ми километар, поради слегнување на асфалтот на патот сообраќајот се одвива отежнато. Поставена е соодветна патна сигнализација.
Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е расчистен за сообраќај за сите возила. Се препорачува внимателно управување со возилата поради остатоци од снег и можна појава на одрони.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.