18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКиев бара уште 1,7 млрд долари од ММФ

Киев бара уште 1,7 млрд долари од ММФ

ukrai222666

Следната транша од финансиската помош на ММФ за Киев би требала да биде 1,7 милијарди долари, изјави министерката за финансии на Украина, Наталија Јарешко.

Таа истакна дека мисијата на ММФ, според планот, започнува со работа во Киев каде наредните три-четири недели треба да провери дали Украина ги исполнува условите потребни за продолжување на програмата за макро-финансиска помош, изјави таа, а пренесува руската агенција Риа новости.

Министерката оцени дека Украина исполнила дел од задачите неопходни за да ја добие новата транша, а дека другиот дел е во процес на имплементација. Покрај репрограмирањето на долгот, Киев треба да усвои и голем број на закони, a особено, да се подобри и способноста на „Нафтогас Украина“ за наплата на побарувањата, наведе таа.

Програмата за финансиска помош на Украина е одобрена од страна на Одборот на директори на ММФ на 11 март и таа предвидува доделување на 17,5 милијарди долари кредит, во рамките на четиригодишниот пакет помош вреден 40 милијарди долари. Украина на средината на март ја доби првата транша од ММФ од пет милијарди долари. Во Киев очекуваат дека во 2015 година ќе добијат вкупно 10 милијарди долари, наведува агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП