26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar пушта две „надуени“ верзии на XE

Jaguar пушта две „надуени“ верзии на XE

xe

Модификација на „Jaguar XE“, која ќе треба да се натпреварува со „BMW M3“, ќе добие моќност од 495 КС. Британската компанија подготвува и уште помоќна верзија на моделот, која ќе се потпира на 550 КС, објави „Autocar“.

Новиот „Jaguar XE-R“ ќе биде опремен со 5,0-литарски V8 со компресор, поставен кај топ-верзијата на роудстерот „F-Type“. Моторот работи во комбинација со модернизиран 8-брзински автоматски менувач „ZF“, чии брзини ќе може да се префрлуваат со „рачки“, лоцирани на воланот. Се очекува со овој мотор седанот да забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 5 секунди.

Британците сепак нема да запрат тука и подготвуваат уште поекстремна модификација која ќе биде развиена од фабричката тјунинг-работилница на групацијата „Jaguar Land Rover“ – „SVO“ (Special Vehicle Operations). Таа ќе го добие истиот „V8“ мотор, но кај него моќноста ќе достигне 550 КС и 680 Нм вртежен момент. Каросеријата на најмоќниот „XE“ ќе биде направена целосно од композитни материјали.

Шефот на проектот „Jaguar XE“ – Ник Милер, коментира дека во неговата компанија размислуваат дали да им овозможат на двата „надуени“ седани систем за погон на сите четири тркала, но се уште не е донесена конечна одлука за ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП