26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБулси без решение за Леброн, трипл-дабл на Харден

Булси без решение за Леброн, трипл-дабл на Харден

17778775-mmmain

Кливленд поведе во серијата со Чикаго (3-2) во полуфиналето во Источната конференција откако во петтиот натпревар славеше со 106:101, додека Хјустон ја намали предноста на ЛА Клиперс на 2-3 со убедливата победа во петтиот меч од 124:103.

Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг искомбинираа 63 поени и беа нерешливи енигми за Чикаго во петтиот меч по кој Кливленд дојде на чекор до пласман во конференциското финале.

’Кралот Џејмс’ одигра речиси перфектен натпревар, од поле шутираше со 50 отсто успешност, а мечот го заврши со 38 поени, 12 скокови, 6 асистенции и по 3 блокади и украдени топки. Најдобриот играч на Кливленд поддршка доби од Ирвинг (25 поени, 6 асистенции), а Тринстан Томпсон имаше двоен ефект од 12 поени и 10 скокови.

Чикаго го предводеше Џими Батлет со 30 поени и 9 скока, Мајк Данливи постигна 19 поени, додека Дерик Роуз мечот го заврши со 16 поени, 9 скока и 7 асистенции.

Хјустон ја спаси првата меч топка која ја имаа ЛА Клиперс и славеше убедлива победа благодарение на ’трипл дабл’ учинокот на Џејмс Харден (26 поени, 11 скокови, 10 асистенции). Харден во чекор го следеа Двајт хауард (20 поени, 15 скокови) и Тревор Ариза (22 поени, 8 скока).

Клиперси имаа само тројца расположени играчи што не беше доволно за победа: Блејк Грифин (30 поени, 16 скокови), Крис Пол (22 поени, 10 асистенции) и Деамдре Џордан (13 поени, 11 скокови).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП