10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел: Ниту Грците се неработници, ниту Германците се скржави

Меркел: Ниту Грците се неработници, ниту Германците се скржави

Angela-Merkel-007

Грците се неработници, а Германците скржави. Ова е погрешно, изјави во вторникот германската канцеларка Ангела Меркел на предавање во едно стручно училиште во Берлин, додавајќи дека ова е лекција за Европа.

„Кога избувна кризата со еврото, многу тешка… секогаш им се противев на оние кои говореа „Ах тие Бугари, Грци, добро знаеме какви се…“. Никогаш не треба така да се зборува“, рече канцеларката пред учениците во средното училиште, во кое има многу деца на доселеници, особено до Турција.

„Толку различности има помеѓу самите Германци, а и Турците многу се разликуваат едни од други. Ако речам дека Грците се неработници, а Германците се работници, но се шкрти, двата става се погрешни“, рече Меркел.

„Секаде има великодушни и ситничави луѓе и никогаш не треба да се генерализира“, рече Меркел.

Сепак, токму Меркел во мај 2011 година за време на кризата со еврото изнесе предрасуди кон државите од југот на Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП