4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФискер го напушти Фискер

Фискер го напушти Фискер

henrik

Хенрик Фискер, извршниот претседател, дизајнер и еден од основачите на компанијата Фискер Аутомотиви, официјално си замина од фирмата, по кризата во која овој производител на хибридни автомобили влезе во втората половина на 2012-та година.

Во писмото во кое го најавува заминувањето, Фискер како причина за напуштање на компанијата меѓу останатото ги навел и несогласувањата околу работата со остатокот од менаџментот.

Проблемите веројатно се од подлабока природа, со оглед на тоа дека компанијата уште од јули 2012-та година не произведе ниту еден автомобил од моделот Карма. До одложување на производството дошло поради проблемите со снабдувањето на батериите за возилотo, затоа што дотогашниот снабдувач банкротирал.

henrik1

Исто така, голема пречка на компанијата беше и ураганот Сенди кој ги зафати североисточните делови на САД. Тогаш во Њу Џерси беа уништени околу 300 примероци од моделот Карма. Ова беше голем удар за произведувачот кој дотогаш имаше испорачано 2000 возила до купувачите.

Па поради сето ова Фискер Аутомотиви западна во финансиска криза.

Во официјалното соопштение кое го објави компанијата му се заблагорадуваат на Хенрик за неговата досегашна работа и допринос, но не објавиле кој ќе биде неговиот заменик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП