Вкупно 27.755.000 патници биле превезени во текот на 2014-та година од страна на такси возила во Република Македонија, објави денеска Државниот завод за статистика.
Притоа, 24.321.000 ги користеле услугите во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се превезени 3.434.000 патници.
За оваа намена, такси возилата оствариле вкупно 69.450.000 километри од кои 61.852.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 7.598.000 километри.
Со истражувањето за такси-превоз се опфатени 2.372 патнички автомобили од 178 извештајни единици, се вели во соопштението.