19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСудирите во Јемен и падот на доларот ја поттикнаа цената на нафтата

Судирите во Јемен и падот на доларот ја поттикнаа цената на нафтата

nafta3020

Цената на сировата нафта порасна на светските берзи поради вооружените судири во Јемен и падот на доларот, што ја потисна во втор план загриженоста за прекумерното снабдување, откако Саудиска Арабија извести за обемното производство во април.

На лондонската берза цената на барел сирова нафта за испорака во јуни порасна за 40 центи во однос на претходното затворање, а 65,31 долар. На американската берза со барелот се тргува по 30 центи пониска цена од 59,55 долари.

Воени авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија денеска изведоа воени удари врз главниот град на Јемен, Сана, само неколку часа пред почетокот на петдневното примирје помеѓу сојузот на арапски држави и паравоените постројки Хути кои контролираат голем дел од државата.

Саудиска Арабија, која е најголем извозник на нафта, ја предводи коалицијата која од 26-ти март ги напаѓа позициите на побунетите Хути во Јемен. Иако Јемен е мал производител на нафта, загриженоста е зголемена поради близината на нафтените патишта.

Покрај судирите, цената на нафтата во вторникот се крена и поради падот на доларот, кој се намали за 0,47 отсто кон кошничката валути.

Со тоа во втор план падна загриженоста поради прекумерното снабдување, кое дополнително ја поттикна објавата на Саудиска Арабија дека во април произведувала 10,308 милиони барели дневно, што е близу рекордно ниво.

„Сметам дека глобалната прекумерна снабденост ќе потрае уште некое време и ќе го ограничува растот на цените на нафтата“, констатира Мајкл Хјусон од CMC Markets.

Од Goldman Sachs, пак, напоменуваат дека ублажувањето на проблемот за прекумерно снабдување го кочи растот на цените во последно време, која, според нивна оценка, ќе тргне во надолна линија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП