27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит на почетокот на неделата

Пад на Волстрит на почетокот на неделата

volstrit56

Цените на акциите на Волстрит паднаа во понеделникот поради несигурноста во врска со зголемувањето на каматите во САД, забавувањето на растот на кинеската економија и грчките должнички проблеми.

Dow Jones ослабна 85 поени или 0,47 отсто, на 18.105 поени, додека S&P 500 се намали 0,51 отсто, на 2.105 поени, а Nasdaq беше во минус 0,20 отсто, на 4.993 поени.

Цените на акците паднаа вчера во сите десет сектори на S&P 500, а најмногу ослабна енергетскиот сектор, поради остриот пад на цената на нафтата.

Инвеститорите ги загрижува должничката криза. Всушност, Атина вчера го исплати доспеаниот кредит кон ММФ со што избегна банкрот, но нејзината финансиска состојба и натаму е нестабилна.

Од состанокот на министрите за финансии на еврозоната порачано е дека во преговорите со Грција е постигнат напредок, но речено е и дека Атина мора да поработи на предлогот реформи за да добие нова помош од кредиторите, што би ја спасило од банкрот и од напуштање на еврозоната.

Инвеститорите ги загрижува и прашањето кога американската централна банка ќе ги зголеми каматните стапки. Во петокот беше објавено дека бројот на вработени во април порасна за 223.000, при што стапката на невработеност падна на 5,4 отсто, најниско ниво за последните седум години.

Тоа покажува дека растот на американската економија забрзува на почетокот на второто тромесечје, откако во првото практично стагнираше. Сепак, растот не е толку силен, проценуваат аналитичарите, за да Фед веќе во јуни, прв пат по осум години, би ги зголемил каматите.

Лошо на берзите влијаеше и загриженоста во врска со кинеската економија. Иако, монетарните власти во неделата дополнително ги намалија каматните стапки, за да поттикне раст на кредитирањето и на економијата, сепак аналитичарите не се сигурни дека тоа ќе спречи стапката на раст на кинескиот БДП да падне под 7 отсто.

„Со оглед на нивото на загриженост на инвеститорите, овој пад на цените сеуште е умерен. Сите се прашуваат дали на есен ќе има зголемување на каматите во САД или не и тоа внесува несигурност на берзите“, вели Мајкл Матоушек, директор во компанијата Global Investors.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП