17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГенералниот директор на списанието Arab Investor во посета на Македонија

Генералниот директор на списанието Arab Investor во посета на Македонија

arab-inves

Генералниот директор на списанието Arab Investor, Назим Мохамед Махмуд Сабах, е во посета на Македонија, со поддршка на Министерството за надворешни работи и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со Сашо Ташевски, првиот амбасадор на Македонија во Абу Даби.

Ташевски, првиот амбасадор во Обединетите американски емирати, за шест месеци од почнувањето на својот мандат ја стави во комплетна функција новоотворената амбасада и се залага за промовирање на инвестициските можности во Македонија. Во изминатиов период донесе потенцијални инвеститори од ОАЕ, а од 11-ти до 18-ти мај со генералниот директор на списанието Arab Investor, Назим Мохамед Махмуд Сабах е во посета на Македонија. Ташевски, ианку, има значително искуство од бизнис секторот со 20 годишно менаџерско искуство во меѓународни компании во Македонија и регионот.

Престижното списание Arab Investor објави ексклузивно интервју со Ташевски, за промоција на Македонија како нова бизнис дестинација за инвеститорите и нов неоткриен „бисер“ во Европа за туристите од ОАЕ и регионот.

На основа на интервјуто, магазинот Arab Investor, кој ги покрива MENA земјите (Блискиот исток и северна Африка) кој има репутација за објавување на издржани анализи и мислења за различни инвестициски пазари, економски и финансиски клучни идикатори во специјални извештаи, напишаа статија и посвети пет страници само за Македонија. По нивната посета на нашата земја ќе напишат дополнителни информации за инвестициските и туристичките можности во Македонија.

Ташевски се залага и за промовирање на Македонија како туристичка дестинација со атрактивен туристички производ за туристите од ОАЕ. Гостите освен во Скопје ќе бидат и во посета на Охрид и други градови во Македонија, со цел доближување на македонската гостопримливост, традиционална храна, несекојдневно искуство при посета на природните и култирните убавини на нашата земја.

„Република Македонија воспостави дипломатски односи со ОАЕ и ги унапредува со присуство на Сашо Ташевски, Амбасадорот на РМ во Абу Даби и ги повикува граѓаните на ОАЕ да уживаат во летните одмори во Македониа и да ги искористат постоечките капацитети, атрактивните цени и достапните директни летови од Дубаи до главниот град Скопје”, објавија во Arab Investor.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП