4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПремолчете: Некои работи не се кажуваат на работа

Премолчете: Некои работи не се кажуваат на работа

shhh3

Постојат некои ситуации на работа кога е подобро да премолчите и да не кажете некои работи.

Можеби сте многу блиски со колегите, но тоа не значи дека тие треба да знаат се за вас. Постојат некои работи за кои не треба да зборувате.

Мамурлак

Ако на вас не се гледаат последиците од минатата ноќ, нема потреба на сите во канцеларијата да им објаснувате колку алкохол сте испиле и што сте правеле додека тие спиеле.

Колегата ве иритира

Во секоја канцеларија постои барем еден колега кој не ја обавува работата како сите останати. Доколку тоа ви пречи и ве успорува разговарајте отворено со него или побарајте совет од претпоставениот. Никогаш не го озборувајте со останатите колеги.

Прекин на врската

Доколку не можете да се воздржите, тогаш кажете ја оваа вест но на некој за кој сметате дека е правилно да му се доверите, никако не соопштувајте вакви вести јавно пред сите во канцеларијата.

Несреќни сте

Нормално е да кажете на глас доколку нешто ви пречи и не сте задоволни и мислите дека тоа би можело да се промени на некој начин. Повеќето работодавци го откриваат незадоволството кај своите вработени, откако тие ќе дадат отказ, а тогаш е веќе предоцна. Но во канцеларија никогаш не ги споделувајте вашите приватни проблеми кои ви ја одземаат среќата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП