12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА„Кога започнувате свој бизнис, се борите против светот“

„Кога започнувате свој бизнис, се борите против светот“

1336746888_unnamed-504x330

Повеќето претприемачи се согласуваат дека би требало да бидете малку луди за да се впуштите во започнување на сопствен бизнис. Ова се зборовите на Рајан Смит, извршен директор и основач на „Qualtrics“.

Со таа речница го започна одгoворот на прашањето „Кој совет би им го дале на лицата кои започнуваат сопствен бизнис?“. Прочитајте го целосниот одговор кој го даде тој…

Вие против светот

Морате да се навикнете на таа идеја. Ако одговорот „не“ не ве натера да се заинаетите, размислете двапати дали навистина сакате да се впуштите во претприемачките води. Многу луѓе ќе ви потврдат дека вашите идеи се невозможни. Затоа секогаш мора да ја имате на ум првичната визија – тоа е она што ќе ве движи напред.

Нема секогаш да завршите таму каде што сте почнале

Започнувањето на бизнис не е еднократно случување. За вашата работа да напредува и расте, постојано ќе се соочувате со нови проблеми и прилики. Доколку не се развивате и прилагодувате постојано, вашиот бизнис никогаш нема да биде успешен, без оглед на вложениот труд. Исто така, запомнете дека многу ретко во нешто ќе успеете од прва, затоа не се откажувајте. Може да се случи на крај да завршите на нов пазар или со целосно нов производ од оној кој сте го замислиле.

Новите идеи не се секогаш потребни

Не морате да смислите целосно нова идеја за да станете претприемач. Всушност, целта на многу новонастанати компании е подобрување на веќепостоечките идеи. Таквиот потег неретко се покажува како подобра опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП