19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрогласени најдобрите проекти на младите социјалните претприемачи - средношколци

Прогласени најдобрите проекти на младите социјалните претприемачи – средношколци

mladi

На 9 мај, 2015 година се одржа натпреварот “Социјално претпријатие” во организација на Економско образование на млади менаџери, поджан од компанијата Арцелор Митал  со кој се поттикнуваат младите да размислуваат за водење бизнис како одговорен корпоративен член на општеството.

Првото место го освоија учениците  од гимназијата „Никола Карев“со тимот „Auxilium“ под менторство на наставникот Снежана Бошковска. Дејноста на ова социјално претпријатие е организирање на кантина во Скопје која нуди топли оброци за бездомни лица и вработување на маргинализирани лица.

Учениците кои го освоија првото место имаат можност да учествуваат на Европскиот натпревар на социјални компании, кој ќе се одржи во јуни оваа година.

Второто место го освоија учениците од Медицинското училиште  „Д-р Панче Караѓозов“, со тимот „Сим 21“, под менторство на на ставникот Ацо Ѓорчевски со идеја да отворат центар за деца со Даунов синдром.

Трето место го поделија учениците од  Гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“, тим „Надеж“, под менторство на наставникот Лидија Стојчева и Економското училиште „Арсени Јовков” , тим „Глас” под менторство на наставникот Зоран Златковски .

Од учениците се бараше да замислат дека се сопственици на компанија која сака да постигне некои промени во општеството и да дејствуваат во интерес на мнозинството, за подобрување на општеството и животната средина. За таа цел тие подготвија проекти во кои даваат решенија за некои општествени и еколошки предизвици со кои се соочуваме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП