Банката на Англија ја задржа референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво од 0,5 отсто, што е прва монетарна одлука на оваа банка откако Конзервативната партија победи на парламентарните избори во Велика Британија.

Состанокот на Банката е одржан во четвртокот и петокот, но објавувањето на одлуката е одложено заради изборите на кои победи партијата на актуелниот премиер Дејвид Камерон.
Економијата на Британија е една од најбрзо растечките меѓу развиените земји, а референтната каматна стапка на тоа ниво е од март 2009 година.
Банката на Англија, исто така, одлучи да го задржи актуелното ниво на монетарни поттици, во чии рамки вбризгува 375 милијарди британски фунти во економијата.