11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаго забавен падот на кредитирањето во Италија

Благо забавен падот на кредитирањето во Италија

banka-na-italija

Падот на кредитирањето во Италија благо забави во март, соопштија претставници на Банката на Италија.

Италијанската централна банка наведува дека обемот на заемите одобрени на домаќинствата и фирмите вон финансискиот сектор во март е намален за 1,5 отсто на годишно ниво, што е подобар резултат во однос на февруари.

Во февруари кредитирањето беше намалено за два отсто.

Обемот на кредитирање што банките го одобриле за домаќинствата паднал 0,3 отсто на годишно ниво, по падот од 0,4 отсто од февруари.

Обемот на заеми одобрени на компаниите истовремено е намален 2,2 отсто, по падот од три отсто од февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП