15 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАFMCG самит - прв самит за трговија со стока за широка потрошувачка...

FMCG самит – прв самит за трговија со стока за широка потрошувачка во Македонија

potrosuvaci 35

Првиот FMCG самит – самит за трговија со стока за широка потрошувачка во Македонија ќе се одржи денеска во хотелот „Александар Палас“ во организација на македонската редакција на магазинот InStore.

Повеќе од 250 претставници на менаџментот, секторите за набавка, трејд маркетинг, продажба од скоро 80 трговци, произведувачи, дистрибутери на FMCG-производи, консултанти, агенции и компании кои водат придружни дејности ќе бидат дел од првиот FMCG самит во Македонија.

Темите кои се интересни за FMCG секторот се во огромен број, а секојдневно се актуелизираат и нови аспекти на работењето на компаниите од оваа област. За првиот FMCG самит, InStore заедно со еминентните говорници од регионот, подготви програма која содржи одлични теми преку кои ќе се споделат искуствата и знаењата за трговијата со стока за широка потрошувачка. Преку инспиративните приказни за патот од трња до звезди ќе биде претставен успешниот македонски FMCG бизнис модел, а ќе се говори и за иновациите во бизнисот.

Дел од програмата е посветен на дистрибуцијата, нејзината комплексност, карактеристиките на добриот доставувач и долгорочноста на трговскиот партнерски однос. Kупувачот има централно место па ќе се говори и за навиките на купувачот, но и за промоциите кои се атрактивни и за купувачите и за трговците. Самитот ќе се заокружи со дискусија за тоа кон каде се движи FMCG секторот во Македонија.

Првиот FMCG самит несомнено ќе биде најголем настан за FMCG секторот во Македонија до сега, а тенденцијата е овој настан да прерасне во традиционален годишен настан што ќе ги собира на едно место сите клучни луѓе од секторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП