19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel се шири на австралискиот пазар

Henkel се шири на австралискиот пазар

henkel 38

Германскиот производител на стока за широка потрошувачка Henkel има намера да го купи брендот Colgate-Palmolive во Австралија и Нов Зеланд за 220 милиони евра, стои во соопштението од оваа компанија.

Henkel ќе го преземе овој бренд, кој опфаќа широк дијапазон на производи за перење алишта и нега на телото, со цел да стане најголем играч на австралискиот пазар. На овој пазар германската компанија сега е присутна во сегментот на производи за убавина.

Colgate-Palmolive во 2014-та година оствари продажба од 110 милиони евра, покажуваат податоците на компанијата. Трансакцијата уште ќе мораат да ја одобрат регулаторите, а реализацијата на договорот се очекува во третото тромесечје на 2015-та година.

Henkel минатата година вложи 1,8 милијарди евра глобално во аквизиции за да остане конкурентен на пазарот на стока за широка потрошувачка. Лани оствари 2,3 отсто поголема нето добивка, во висина од 1,6 милијарди евра, најмногу благодарејќи на растот на пазарите во формирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП