2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа новата Honda Civic ќе се чека до 2017-та година

За новата Honda Civic ќе се чека до 2017-та година

c koncept335

„Honda“ напорно работи на новата генерација на хечбекот „Civic“. Сепак, тој ќе се појави пред публика дури во 2017-та година, објави „Autocar“, повикувајќи се на шефот на британската канцеларија на брендот, Филип Кросман.

Менаџерот признава дека изгледот на моделот во голема мера ќе потсетува на оној на концептот „Civic Coupe“ (на фотографијата) прикажан претходно во оваа година.

Новата генерација ќе се нуди со голем број модификации – освен стандардниот хечбек и неговата спортска верзија „Type R“, на пазарот ќе се појават уште и седан, купе и караван.

Кросман додаде дека во „Honda“ се амбициозни да си ја вратат лидерската позиција кај хибридите, каде што компанијата беше меѓу пионерите со модел „Insight“.

Затоа и „Civic“ ќе се нуди со целосно нов хибриден агрегат, кој треба да предизвика „бура“ на пазарот, тврдат информациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП