7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле ги повикува Грците да излезат на референдум

Шојбле ги повикува Грците да излезат на референдум

Wolfgang Schauble

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави дека одржувањето референдум во Грција за договор со доверителите може да помогне во решавање на кризата во таа земја.

„Ако грчката влада смета дека треба да имаме референдум, а тогаш и нека се одржи референдум. Можеби ова ќе биде вистинска мерка со која грчкиот народ ќе одлучи дали е подготвен да го прифати она што е потребно или сака нешто различно“, рече Шојбле пред почетокот на состанокот на Еврогрупата за ослободување на натамошна помош за Атина.

Шојбле, исто така, ја отфрли можноста за постигнување било каков договор на денешната средба на Еврогрупата.

„За жал, не е остварен доволен напредок за денеска да се постигне договор. Ние сакаме да и помогнеме на Грција, но таа мора да го направи својот дел од работата“, вели Шојбле.

Грчките кредитори бараат од Атина спроведување на строги реформи, сепак, сегашната влада на премиерот Алексис Ципрас досега остро се спротивставува на нивна имплементација, најавувајќи неколку пати референдум за договорот со доверителите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП