6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврогрупата го поздравува напредокот на Грција, бара дополнителни напори

Еврогрупата го поздравува напредокот на Грција, бара дополнителни напори

evrogrupa-grcija54546

Министрите за финансии на земјите од еврозоната (Еврогрупата) ја повика во понеделникот Грција да вложи дополнителни напори за да се постигне договорот за преостанатите отворени прашања што би го овозможило продолжувањето на надворешната финансиска помош.

„Го поздравуваме напредокот кој досега е постигнат, во преговорите меѓу Грција и нејзините меѓународни доверители (ЕУ и ММФ). Истовремено, признаваме дека е потребно уште време и напори за да се премостат разликите во преостанатите прашања. Оттаму, ја поздравуваме намерата на грчките власти да ја забрзаат соработката со институциите, со цел успешно и навремено да биде заклучен договорот“, се вели во писмената изјава одобрена од министрите за финансии на земјите од еврозоната.

Грција претходно во понеделникот ја започна постапката за исплатата на ратата од кредитот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од речиси 750 милиони евра, а исплатата веќе е извршена.

Меѓутоа, грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис предупреди дека неговата земја би можела да остане без ликвидни средства за две седмици, во периодот додека преговара со доверителите околу условите коишто мора да ги исполни за да ја добие новата транша од помошта во износ од 7,2 милијарди евра.

Еврокомесарот за економски и финансиски работи Пјер Московиси изјави дека договорот мора да биде постигнат до крајот на јуни, пред новата средба на Еврогрупата. Шефот на Еврогрупата, Јероен Дијсеблом, пак, изјави дека министрите за финансии на еврозоната можат да се состанат во кој и да е момент, штом меѓународните доверители ги одобрат реформите коишто Грција мора да ги спроведе.

Грчкиот премиер Алексис Цирпас неодамна го промени преговарачкиот тим, што беше протолкувано како маргинализирање на министерот за финансии Варуфакис, а во еврозоната истакнуваат де од тогаш преговорите се поефикасни и поконструктивни.

Досега е постигнат напредок во приближување на ставовите околу реформите за системот на данокот за додадена вредност (ДДВ) и формирање невладина владина агенција за собирање на даноците, но останаа уште многу предлози за усвојување, во прв ред околу реформите на пензискиот систем и на пазарот на трудот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП