25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција бара од министрите за финансии на еврозоната да признаат напредок во...

Грција бара од министрите за финансии на еврозоната да признаат напредок во преговорите

cipras

Грчката влада повика во понелникот во пресрет на состанокот на министите за финансиси на еврозоната да се признае напредок во преговорите во пресрет на грчката отплата на ратата од 750 милиони евра долг кон ММФ.

Министрите за финансии на еврозоната во понеделникот се состануваат во Брисел за да ги продолжат преговорите кои имаат за цел на Атина да и овозможат исплата на преостанатите средства од постоечката програма заеми од меѓународните кредитори, објави BBC.

Грчките министри порачаа дека ММФ на време ќе исплати 750 милиони евра на име на ратата од кредитот која за наплата доспева во вторник на 12 мај.

„Сакаме јасна потврда за напредокот кој е постигнат во последно време од преговорите“, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас, пренесе агенцијата АНА.

Владата бара итно да и бидат исплатени преостанатите 7,2 милијарди евра од актуелниот пакет меѓународни кредити на ЕУ и на ММФ за да може уредно да ги подмируваа обврските. Премиерот Ципрас побарала барем дел од тој износ да биде исплатен веднаш, пренесе BBC.

BBC напоменува дека не се очекува значителен напредок на денешните преговори во Брисел, со оглед на голем број на нерешени прашања.

„Постигнавме напредок, но не сме толку близу до постигнување на договор. Тој сигурно нема да биде постигнат на состанокот на еврогрупата во понеделник“, рече претседателот на еврогрупата Јерон Дијселблум.

Грција мора до крајот на јуни со кредиторите да договори нова програма и се надева на позитивна порака од денешниот состанок во Брисел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП