18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи под притисок од Грција

Европските берзи под притисок од Грција

berza-ak-ak

Повеќето клучни индекси на европските берзи се намалија во понеделникот под притисок од загриженоста на инвеститорите околу состојбата со грчкиот долг.

Околу пладне франфуртски DAX беше во минус 0,39 отсто, на 11.663 поени, а париски CAC 1,3 отсто, на 5.023 поени. Лондонски Ftse индекс беше во плус 0,3 отсто, на 7.068 поени, зајакнувајќи благодарение на рударскиот секор, кој има голема тежина во овој индекс.

Јакнењето на цените на рударските комании, пак, поттикнато е од најновото намалување на каматните стапки во Кина,  веќе трето за половина година, кое е насочено кон поттикнување на растот во втората по големина светска економија и најголем увозник на суровини.

Во фокусот на инвеститорите повторно се најде Грција, со оглед дека во вторник мора да врати 750 милиони евра заем од ММФ, поради што повторно заживеаа стравувањата дека Атина би можела да се најде во ситуација да не може правовремено да ги исполнува своите обврски и дека би можела да ја напушти еврозоната.

Преговорите бавно напредуваат и кредиторите на Грција ја исклучуваат можноста од постигнување на конкретен договор во понеделник на состанокот на министри за финансии на еврозоната во Брисел. Иако Грција се надева на позитивна изјава и натаму точка на препирање се прашањата поврзани за буџетот, пензиите и вработените.

Одредени инвеститорите очекуваат дека ќе биде постигнат нов договор со Грција околу отплатата на долговите, но повеќето се воздржуваат од инвестирање во акции се додека состојбата е неизвесна.

Атинскиот индекс ATG потона 2,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП