21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOвие европски банки имаат вработено најмногу милионери

Oвие европски банки имаат вработено најмногу милионери

banka2222

Француските банки „BNP Paribas“, „Natixis“ и „Societe Generale“ заедно имаат вработено 277 милионери, а најмногу милионери во Европа работат во германската „Deutsche Bank“, покажува истражувањето на францускиот весник „Eco“, врз основа на податоците кои ги објавија европските банки.

Oвие три француски банки засега се единствените кои ги објавија податоците за бројот на вработени чија заработувачка во 2014-та била поголема од милион евра, а што Брисел за прв пат оваа година го побара тоа, пренесува „Figaro“.

Во 2012-та, според податоците на Европската банкарска агенција во сите француски банки имало вкупно 177 милионери, а во претходната година 162.

Најголемата инвестициска банка „BNP Paribas“ во најновиот извештај кој се однесува за 2014-та пријави најголем број на милионери, односно 149, а скоро секојт трет од нив, живее во Лондон.

Oстанатите се граѓани на Франција (33), Aзија (30) и САД (29). Истовремено, оваа банка е единствената француска која исплатила дури три годишни плати поголеми од 3.5 милиони евра.

Банката „Societe“ брои 109, a „Natixis“ 19 милионери. Меѓутоа, просечната годишна бруто заработка во „Societe“ е поголема од онаа во „BNP Paribas“, и во 2014-та изнесувала 54.846 евра, наспроти 52.018 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП