2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi го претстави новиот концепт со електрична турбина (фото+видео)

Audi го претстави новиот концепт со електрична турбина (фото+видео)

sport tt

Германскиот производител „Audi“ го претстави концептниот модел „TT clubsport turbo“. Возилото е опремено со 2.5-литарски бензински мотор со 2 турбини. Едната од нив е одговорна за ниските вртежи, а се развртува благодарение на електрична енергија, а не на издувните гасови.

sport tt1

Електричната турбина се напојува од 48-волтен комплет на литиум-јонски батерии, лоциран во багажникот на машината. Освен тоа инженерите на „Audi“ ја опремиле машината со нов издувен систем со низок отпор. Кај неа цевките на ауспухот се со поголем дијаметар и се наоѓаат во дифузерите на возилото.

sport tt2

Моќноста на „Audi TT clubsport“ е 600 КС. Возилото е опремено со 6-брзински мануелен менувач, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч се остварува за 3,6 секунди. Максималната брзина на возилото е 310 км/ч.

sport tt3

Прототипот добил и суспензија со управување по електронски пат на задните амортизери. Повеќе дискови на системот за погон на четири тркала „quattro“ се поставена на задната оска за подобра распределба на тежината. Самиот автомобил тежи 1396 килограми, што е за 44 килограми помалку од стандардниот купе „Audi TTS“ со 2,0-литарски турбомотор и 6-брзински мануелен менувач.

sport tt4

Аеродинамичките елементи во внатрешноста на „Audi TT clubsport turbo“ се позајмени од кабината на „Audi 90 Quattro“ што во 90-тите години на минатиот век учествува во американските серии „IMSA“ во класата „GTO“. Големото позадинско антикрило на прототипот се регулира рачно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП