12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина првпат ги надмина САД во увозот на нафта

Кина првпат ги надмина САД во увозот на нафта

Chinese-oil

Кина во април прв пат ги претекна САД како најголем светски увозник на сирова нафта, а проценките се дека нејзината куповна моќ ќе остане силна и покрај забавувањето на економијата, што ќе има далекусежни последици по глобалните пазари на нафта, пренесе агенцијата Reuters.

Порастот на кинескиот увоз на нафта претставува изненадување, со оглед дека економскиот раст на втората по големина светска економија е во криза и се очекуваше пад на побарувачката на нафта. Сепак, ниските цени на нафтата и серијата намалување на каматните стапки предизвикаа силен пораст на побарувачката за нафта во Кина, оценува британската агенција.

Кинескиот увоз на сирова нафта во април достигна рекордни 7,4 милиони барели дневно, поради што САД, со априлскиот увоз од 7,2 милиони дневно, ја загубија позицијата најголем светски увозник на нафта.

Иако Кина во наредните месеци би можела да се врати на второ место, очигледно е дека на трајна основа се движи во насока на претекнување на САД како најголем светски увозник на нафта, смета Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП