17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска под притисок на дефлацијата

Хрватска под притисок на дефлацијата

zagreb12

Дефлаторниот притисок во Хрватска продолжи и во месец април, како резултат на падот на производствените цени на индустриските производи во однос на истиот месец минатата година за 3,1 проценти.

Со тоа е продолжен негативниот тренд кој трае од мај 2013 година, покажуваат податоците на Дражавниот завод за статистика во Хрватска.

Во однос на месец март, во април производствените цени во индустријата се намалени за 0,6 проценти, а кога од пресметките ќе се исклучат податоците за енергијата, априлските цени во однос на март се во пораст за 0,1 проценти, додека на годишно ниво се пониски за 0,2 проценти.

Производствените цени, според кои индустриските производи се пласирале на домашниот пазар, во април биле за 3,2 проценти пониски во однос на истиот месец минатата година, додека цените на странските пазари истовремено се намалени за три проценти, покажуваат податоците на ДЗС.

Гледано по сектори, производствените цени во април на годишно ниво пораснале во секторот снабдувањето со вода, отстранувањето на отпадни води, управувањето со отпад  и дејностите за санација во околината, и тоа за 7,2 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП