23 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИVisa ја откупува својата поранешна компанија-ќерка

Visa ја откупува својата поранешна компанија-ќерка

visa1

Американскиот оператор за кредитни картички „Visa“ планира да ја откупи својата поранешна компанија-ќерка „Visa Europe“, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Откупната цена би можела да изнесува меѓу 15 и 20 милијарди долари. Иницијалните разговори меѓу двете страни веќе траат, а по објавата на вестите акциите на компанијата „Visa“ скокнаа за 4,36 проценти на 69,48 долари.

Групацијата „Visa“ беше одделена пред својот IPO во 2007 година, „Visa Europe“ е во сопственост на повеќе од 3.000 европски банки.

Поради аранжманот од договорот, финансиските институции би можеле да ги присилат Американците на откуп на европските кредитни картички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар