27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи во пораст, еврото по 1,12 долари

Азиските берзи во пораст, еврото по 1,12 долари

berza azija

Цените на акциите на азиските берзи пораснаа денеска благодарение на натамошното намалување на каматите во Кина и на силниот раст на берзанските индекси на Волстрит.

На Токијската берза индексот Nikkei во 7:30 часот беше во плус 1,1 отсто додека цените на акциите во Австралија, Сингапур, Хонг Конг, Јужна Кореја и Шангај пораснаа од 0,1 до 1,2 отсто. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во плус 0,5 отсто.

Во неделата кинеската централната банка ги намали каматните стапки веќе трет пат во последните шест месеци, настојувајќи да го забрза растот на економијата, која со оглед на досегашните показатели, во второто тромесечје би можела да забележи раст од 7 отсто на годишно ниво, што би бил најбавен раст од почетокот на финансиската криза.

Каматата на кредити на централната банка ја намали за 0,25 отстони поени, на 5,1 отсто, а толку ја намали и каматата на депозити, на 2,25 отсто.

„Со оглед на забавувањето на растот на економијата и опасноста од дефлација, наредните месеци очекуваме натамошно олабавување на монетарната политика, вклучително и намалување на задолжителните резерви на банките и дополнително кастрење на каматите“, наведуваат аналитичарите на HSBC.

Позитивно на азиските берзи влијаеше и скокот на берзанските индексите на Волстртит во петокот за над 1 отсто, откако беше објавено дека во април бројот на вработените во САД пораснал за 223.000, при што стапката на невработеност се намали на 5,4 отсто, најниско ниво за речиси седум години.

Тоа покажува дека растот на американската економија забрзува на почетокот на вториот квартал, откако во првиот практично стагнираше. Сепак, растот не забрзува толку силно за да Фед ги зголеми каматите веќе во јуни, туку најрано во септември, а можеби и во декември, сметаат аналитичарите.

На валутните берзи еврото се најде под притисок поради грчката должничка криза. Ниту денеска на состанокот на министрите за финансии на еврозоната не се очекува значителен напредок околу прашањето на решавање на проблемите на Атина, а се ближи рокот до кој треба да се исплатат доспеаните обврски.

Без нова помош од ЕУ и од ММФ, Грција би можела да банкротира и да излезе од еврозоната.

Курост на еврото изутрината се движи околу 1,1145 долари, додека во петокот изнесуваше 1,1195 долари. И додека доларот кон еврото зајакна, во однос на јапонската валута се движи на ниво од петокот, околу 119,80 јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП