6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПо овој трик со тушот од 90 секунди ќе бидете полни со...

По овој трик со тушот од 90 секунди ќе бидете полни со енергија

tusiranje_1431170637_670x0

Не можете да го издржите денот без три, четири шољи кафе? Тогаш е време да пронајдете нов извор на енергија. Уште утре пробајте го овој утрински ритуал кој трае 90 секунди, а ние ви гарантираме дека ќе ве воодушеви и ќе ви стане секојдневие.

Откако ќе го обавите утринското туширање, пред да излезете од  тушот послужете се со овој хидротерапетски трик.

1.Наместете го тушот на што поладна вода (колку што можете да поднесете) и поливајте се со таа вода 30 секунди. На почеток тоа за вас ќе биде речиси неподносливо, но брзо ќе се навикнете.

2. Потоа наместете го тушот на топла вода (колку што можете да издржите, внимавајте да не се изгорите) и во наредните 30 секунди полевајте се со топла вода. Топлата вода ќе ги прошири капиларите, ќе ја подобри цркулацијата и ќе го стимулира телото.

3. На крајот, водата повторно наместете ја на ладно и туширајте се така 30 секунди. Не само што ќе бидете целосно разбудени и подготвени за сите предизвици во денот, туку оваа метода ќе ви овозможи да бидете помалку под стрес, да го зајакнете имунитетот, да ја зголемите способноста на организмот да ги топи мастите и ќе го подобрите расположението воопшто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП