15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе наближува крајот на Sharp?

Се наближува крајот на Sharp?

sharp 3

Плановите на јапонскиот конгломерат за електроника „Sharp“ за смалување на капиталната база само ќе добијат време за компанијата, но долгорочниот нејзин опстанок останува под сомнение, споделуваат аналитичари пред „CNBC“.

Компанијата со седиште во Осака има акумулирано загуби во износ од близу 920 милијарди јени (7.68 милијарди долари) во последните три години, а причината за тоа е слабата продажба и сериозна конкуренција, но има и многу поголеми обврски. Компанијата се очекува да објави загуба во износ од околу 200 милијарди јени за финансиската година, завршена во март 2015-та година, како резултат на преструктуирањето.

Обврските на компанијата во исто време изнесуваат речиси 2 илјади милијарди јени. Компанијата и нејзините банки-кредитори изгледа дошле до радикално решение – да се свитка билансот, како и да се намали капиталната база на „Sharp“ за 99,99% од над 120 милијарди јени до 100 милиони јени, според локалните медиуми, или до ниво кое обично се поврзуваат со мали и средни претпријатија.

Се смета дека овој потег ќе и овозможи на компанијата да избегне испаѓање во неликвидност и да изгради капиталната база од „нула“. Цената на акциите на „Sharp“ забележаа пад од 27%.

„Тоа е краткорочно решение, но тешко е да се предвидува иднината на „Sharp“ во период подолг од три години“, според кредитниот аналитичар на „Daiwa“, Такао Мацузака.

Реструктуирањето на балансот нема да го реши основниот проблем на „Sharp“ – компанијата нема главен ефективен бизнис, според аналитичарите. Главната дејност на производство на „LCD“ дисплеи на компанијата останува под притисок од страна на јапонските и кинеските конкуренти.

Компанијата се очекува да го објави својот план за реструктуирање во четвртокот, по затворањето на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП