3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманските машиновозачи го прекинаа штрајкот, проблемите остануваат

Германските машиновозачи го прекинаа штрајкот, проблемите остануваат

ger-masi

Германскиот железнички сообраќај започнува постепено да се враќа во вообичаената состојба откако машиновозачите се одлучија да го прекинат еднонеделниот штрајк, најдолгиот во историјата на државната железница Deutsche Bahn.

Несогласувањето околу платата и преговарачките права, поради коишто штрајкот е покренат, сé уште не се решени. Германскиот синдикат на машиновозачите GDL и натаму не се согласува на владиниот повик за посредување, поради што се јавува стравувањето дека застојот во железничкиот сообраќај може да се повтори следните денови.

Синдикатот GDL, којашто претставува 20.000 машиновозачи, уште минатата седмица повика на седумдневен штрајк поради спорот со околу платите и преговарачките права. Се бара зголемување на платите за 5 отсто и намалување на работно тело од 39 на 37 часа. Синдикалистите бараат и право да преговараат во име на другите вработени на железницата.

Deutsche Bahn, кој има 200.00 вработени, им понуди на машиновозачите 4,7 отсто раст на платите, како и еднократна исплата од 1.000 евра, но одбива да дозволи GDL преговара за платите и за оние кои не се машиновозачи, што е клучно барање кое синдикатот го повтори во петокот.

Deutsche Bahn превезува во просек 5,5 милиони патници на ден и околу петина од товарниот сообраќај, односно повеќе од 620.000 тани на ден. Економистите проценуваат дека прекинот на железничкиот сообраќај, кој започна минатиот понеделник, би можело да резултира со намалување на економскиот раст во вториот квартал за 0,1 отсто, што најголемата европска економија ќе ја чини околу 750 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП