24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака ќе изгледа внатрешноста на кросоверот на Bentley (фото+видео)

Вака ќе изгледа внатрешноста на кросоверот на Bentley (фото+видео)

kr bentley0

Први официјални фотографии и видео од кросоверот „Bentayga“ со кои се открива внатрешноста на возилото, ги објави британската компанија „Bentley“. Моделот треба да биде претставен во наредните месеци, а на пазарот да се појави следната година.

kr bentley

Како што се гледа од кадрите, моделот ќе добие опрема од највисока класа, вклучувајќи систем за ноќно гледање, колор „head-up“ дисплеј осетлив на допир, целосно дигитална инструмент табла и системот за погон на четири тркала со неколку режими на работа.

Во однос на материјалите во кабината, се очекува тие да бидат од највисок квалитет. Од видеото и фотографиите се гледаат табла тапацирана со кожа, компоненти од дрво и алуминиум, бројни хромирани детали и друго. Се гледа исто така дека брзинометарот е со максимална брзина од 300 км/час.

kr bentley1

Од „Bentley“ веќе го најавија моделот како најбрзата и најлуксузна машина во овој сегмент. Во моментов се знае дека првиот кросовер на марката ќе ја користи платформата на новата генерација „Audi Q7“, а која ќе биде посебно преработена за „Bentayga“. За палетата на мотори се закачува дека ќе вклучува бензински „W12“ мотор, дизел „V8“ и хибрид.

Британците планираат годишно да продадат по најмалку 4.000 примероци од моделот, што претставува околу 1/3 од резултатот на „Bentley“ за целата 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП