20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена прогнозата за економијата на Австралија

Намалена прогнозата за економијата на Австралија

RATE080515e

Централната банка на Австралија ја намали прогнозата за економскиот раст на оваа земја во фискалната година, заклучно со месец јуни, на 2,0 од 2,25 проценти.

Ваков економски раст на Австрaлија се очекуваше и пред три месеци.

Банката исто така наведува дека загриженоста во врска со слабата економија и високата невработеност ја поттикнала оваа недела да ја намали клучната каматна стапка на историски минимум од два проценти во обид да ја поттикне економската активност, пренесува агенцијата Франс прес.

„Стапката на невработеност (во моментов 6,2 проценти) постепено ќе се зголемува до 6,5 проценти, за потоа на крајот на фискалната година, да започне да се намалува“, прогнозира Централната банка на Австралија.

Банката додава дека инфлацијата, која минатата година се движела од 2,2 до 2,5 проценти и оваа година ќе остане на нивото од 2,0 до 3,0 проценти.

Австралија се обидува да ја преориентира економијата од повеќедеценискиот модел кој се потпираше на рударскиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП