22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство во Шпанија

Раст на индустриското производство во Шпанија

shpanijaspanija544454

Индустриското производство во Шпанија во месец март порасна за 2,9 проценти на годишно ниво, корегиранo од сезонските варијации, соопшти статистичкиот завод Ине.

Индустриското производство во март забележа поголем раст отколку во месец февруари (0,9 проценти) и јануари (0,5 проценти).

Производството на стока за широка потрошувачка во месец март во Шпанија пораснало за 3,6 проценти, на полупроизводите за 4,3 проценти, на опремата за 1,3 проценти и на енергијата за 2,2 проценти, пренесува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП