Министерството за здравство овозможува пошироката јавност да го избере најдоброто идејно решение за лого на клиниката Универзитетската клиника за државна кардиохирургија од четирите понудени идејни решенија.

За таа цел, креирана е online-анкета на веб страната на Министерството за здравство, на следниот линк: http://zdravstvo.gov.mk/izbor-na-logo/.
Анкетата ќе биде отворена за гласање до понеделник (11 мај), а потоа врз основа на резултатите од гласањето ќе биде извршен избор на логото на Клиниката за државна кардиохирургија. На овој начин, Министерството за здравство овозможува преку отворена и транспарентна постапка, самите граѓани да го изразат своето мислење и да придонесат кон избор на логото.
Клиниката за државна кардиохирургија е витален проект за македонскиот здравствен систем. Ги повикуваме граѓаните со својот глас на анкетата да придонесат кон избор на најдоброто идејно решение за лого на клиниката, стои во соопштението.