20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД ја повика Грција да се откаже од Турски тек

САД ја повика Грција да се откаже од Турски тек

gas

Соединетите американски држави ја повикаа Грција да се откаже од рускиот гас преку Турски тек и да остане при изградбата на гасоводот кој преку Грција ќе ја снабдува Европа со гас од Азербејџан.

Специјалниот пратеник на американскиот Стејт демартмент за енергетски прашања Амос Хохштајн изјави дека денеска во Атина со грчките власти разговарале за прашањето за енергетска безбедност во Европа, како и за ресурсите на природен гас, пренесе грчката агенција ANA.

Во интервјуто дадено пред состанокот со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Хохштајн рече дека Грција ќе стане попривлечна за западните инвеститори и дека ќе помогне за намалувањето на зависноста на Европската унија од руските испораки на гас, доколку одбие преку нејзина територија да поминува гасоводот на руската државна компанија Газпром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП