20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно зајакна вработувањето во САД во април

Повторно зајакна вработувањето во САД во април

sadamerikawef6w4e6f4e64few

Темпото на вработување во американската економија повторно забрза во април, а стапката на невработеност се спушти на најниско ниво за речиси седум години, од 5,4 отсто, покажаа во петокот објавените податоци на американската влада.

Американските работодавачи во април нето отвориле 223.000 нови работни места, извести министерството за труд. Воедно ревидирани се податоците за претходните два месеца, кои сега покажуваат дека во тој период биле отворени вкупно 39 илјади работни места помалку од првично објавеното.

Стапката на невработеност во април се спушти на 5,4 отсто, најниско ниво од мај 2008 година. Во март изнесуваше 5,5 отсто.

Во минатиот месец во приватниот сектор биле отворени 213 илјади работни места, а во јавниот сектор 10.000, покажуваат владините податоци. Гледано по сектори, најмногу вработувања имало во секторот професионални и деловни услуги, здравствената нега и градежниот сектор, додека рударскиот сектор повторно го намали бројот на вработени.

Без работа во април биле 8,5 милиони американски граѓани, што е за 1,1 милион помалку во однос на истиот месец лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП