12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштен во употреба кружниот тек кај Порта Влае

Пуштен во употреба кружниот тек кај Порта Влае

kruzen tek 00

Новиот кружен тек на булеварот „Партизанкси одреди“ со улиците „Ацо Шопов“ и „Ѓорче Петров“, кај Порта Влае, денеска беше свечено отворен.

На свеченоста присуствуваа премиерот Никола Груевски, градоначалниците на Град Скопје, Карпош и Ѓорче Петров, Коце Трајановски, Стевчо Јакимовски и Сокол Митровски.

„Со изградбата на овој кружен тек се пробива уште едно тесно грло на градот и се овозможува полесна комуникација на жителите на Ѓорче, Влае, Карпош и сите останати кои ја користат оваа траса на патување. Проектите од ваков тип се влог во новиот лик на Скопје, Скопје кое ќе се издвојува по својата естетика и функционалности, ќе биде во чекор со европските метрополи“, рече Груевски.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски рече дека со реализацијата на овој проект се зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот, а просторот доби нов лик.

„Со изградбата на кружниот тек се комплетира мрежата на модерни сообраќајни решенија, кои претставуваат вистински сервис за граѓаните и гарантираат забрзан раст на општините Ѓорче Петров и Карпош“, рече Трајановски

Ова е најголемиот кружен тек во Скопје со дијаметар од 40 метри односно коловоз со ширина од девет метри, заштитна патека од 1,5 метар и средишно зеленило.

„Со проширувањето, булеварот „Партизански одреди“ доби по три коловозни ленти во секоја насока, средишна жардињера со ширина од 5 метри, а формирани се и велосипедска и пешачка патека. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек на булеварот „Партизански одреди“ изградена е атмосферска канализација во должина од 472 метри. За реализација на овој проект од буџетот на град Скопје потрошени се 50,5 милиони денари“, информира Трајановски.

Изградбата на кружниот тек, според Јакимовски, овозможи подобра циркулација на возилата не само од општините Карпош и Ѓорче Петров, туку и за цело Скопје.

Градоначалникот Митровски смета дека овој дел од булеварот „Партизански одреди“ бил најнефункционален и најнебезбеден, но дека со проширувањето состојбата значително ќе се подобри.

„Ова беше една од најризичните крстосници. Тоа посебно беше изразено во утринските и попладневните часови кога се создаваше голем сообраќаен метеж“, рече Митровски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП