4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските податоци ја стабилизираа цената на нафтата близу 66 долари

Азиските податоци ја стабилизираа цената на нафтата близу 66 долари

nafta 220

Цената на сировата нафта се стабилизираше на светските берзи близу 66 долари благодарение на податокот за силниот кинески увоз кој го сопре притисокот од јакнењето на доларот и шпекулациите за можно зголемување на американското производство.

На лондонската берза цената на барелот незначително падна во однос на претходното затворање, на 65,44 долари. На американската берза со барелот се тргува по речиси непроменета цена во однос на вчерашното затворање од 58,86 долари.

Цените во четвртокот го завршија тргувањето во минус 4,4 отсто под влијание на силното јакнење на доларот кој беше поттикнат од продолжениот тренд на подобрување на состојбата на америкаскиот пазар на труд. Во текот на денот владата ќе ги објави официјалните податоци за вработувањето во април.

Освен јакнењето на доларот, пазарите ги погодија и шпекулациите дека американските производители повторно ќе го зголемат производството доколку цените на нафтата продолжат да растат.

„Благото намалување на американското производсто во изминатите недели сигурно не го оправдува зголемувањето на цените за 30 до 40 отсто од јануари“, напоменува Ханс ван Клиф од холандски ABN AMRO. „Нафтените пазари сеуште се раководат од состојбата на страната на понудата, која е преголема“, потсетува ван Клиф.

Берзите во текот на денот ги стабилизираа охрабрувачки азиски податоци за побарувачката. Кина во април увезла 30,29 тони сирова нафта, што е за 13 отсто повеќе во однос на претходниот месец.

Дополнителна поддршка на цените на нафтата им пружи растот на финансиските пазари по изненадувачката изборна победа на британските конзервативци на парламентарните избори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП