8 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Кина потпишаа низа договори за економска соработка

Русија и Кина потпишаа низа договори за економска соработка

russia-china

Русија и Кина потпишаа во петокот во Москва низа договори за продлабочување на економските односи, меѓу кои и договорот помеѓу Сбербанка и Кинеската развојна банка во вредност од шест милијарди јуани (966 млн долари) за финансирање на руската цементарница Еуроцемент.

Договорите се потпишани за време на средбата помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Сји Ѓинпинг, кој допатува во посета на Москва на обележување на 70-годишнината од победата над фашизмот.

Претставниците на Русија и Кина исто така потпишаа меморандум за изградба на брзата пруга Москва-Казан, во вкупна вредност од 1,068 билиони рубљи (20,7 милијарди долари). Планирано е целокуната должина на пругата да биде околу 770 километри, возовите да се движат со брзина од 400 км на час, а времето на патување помеѓу овие два града да изнесува три часа од сегашните 14.

Оваа пруга подоцна би можела да биде продолжена од Кина, преку Казахстан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар