2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржана Првата меѓународна научна конференција на Факултетот за применети науки на ДУТ

Одржана Првата меѓународна научна конференција на Факултетот за применети науки на ДУТ

ademi

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, присуствуваше на Првата меѓународна научна конференција на Факултетот за применети науки која се одржа денес на Државниот Универзитет во Тетово.

Во оваа прилика, Адеми истакна дека го радува фактот дека студентите ќе имаат можност да ги слушнат најновите достигнувања во сферата на архитектурата, градежништвото и мехатрониката и тоа од најголемите имиња од овие области.

„Ова конференција е една од многуте кои се организираат на Државниот универзитет во Тетово и на сите Универзитети во нашата држава. Тоа само докажува дека имаме врвни професори и студенти кои постојано го надградуваат своето знаење. Всушност организирањето на меѓународни научни конференции на кои учествуваат истакнати претставници од некои од најреномираните универзитети во светот покажува дека воопшто не заостануваме во научните достигнувања на развиените земји. Напротив докажавме и постојано докажуваме и покажуваме  дека нашите научници, се на врвот на пирамидата на светската научна мисла и дека нивните идеи, истражувања, достигнувања се движечка сила во развојот на сите светски економии“, рече Адеми.

Адеми истакна дека Министерството за образование и наука ги поддржува ваквите научни конференции, бидејќи заклучоците кои произлегуваат од нив имаат влијание врз економскиот, културниот, социјалниот развој на државата. Додаде и дека  дел од буџетот на самото министерство е наменет за науката, за подобрување на условите за работа на научниците преку опремување на лаборатории, доделување на финансиска поддршка на научно истражувачкиот и  наставниот кадар од високообразовните институции во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП